Њујорк: Советот за безбедност го осуди нападот врз српски деца во Гораждевац

Советот за безбедност на Обединетите Нации, на седницата посветена на Косово, го осуди неодамнешниот напад врз српски деца во Гораждевац и побара поинтензивни мерки за изградба на мулти-етничко општество. Српскиот вице-премиер Небојша Човиќ оцени дека меѓународната заедница ќе биде одговорна за создавањето моно-етничка албанска пара-држава доколку не спроведе итни мерки за запирање на насилствата на Косово. Претставникот на Велика Британија ги отфрли ваквите обвинувања, додавајки дека не смее да се дозволи изолираните инциденти да го поларизираат Косово.