САД: Животот се враќа во нормала

Животот во Соединетите држави и во Канада се враќа во нормален тек откако во четвртокот 50 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Според претставникот на северно американскиот совет за електрична енергија Мајкл Гент причина за прекинот со електричната енергија може да е дефектот на трите далекуводи за пренос на струјата во Охајо. Тој додаде дека при истрагата ќе биадат испитани над 10 илјади дати на податоци за да се утврди причината за прекинот.