Ведено: Петмина руски војници загинаа во судир со чеченски бунтовници

Петмина руски војници загинале, а уште петмина биле оповредени во судир со чеченските бунтовници во регионот Ведено, јави руската агенција Интерфакс. Се прецизира дека до судирот дошло откако експлодирала мина во моментот на минувањето на руските оклопни возила на еден пат во тој регион.