Њујорк: Вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за Косово в понеделник

Советот за безбедност на Обединетите Нации в понеделник ќе одржи вонредна седница, посветена на ситуацијата на Косово. Седницата беше побарана од владата на Србија и Црна Гора, а по убиството на две и ранувањето на четири деца од српска националност во Гораџдевац кај Пеќ. По повод денешното погребување на убиените во Србија е ден на национална жалост.