Приштина: Продолжува посетата на новиот администратор Хари Холкери

Новиот косовски администратор на Обединетите Нации Хари Холкери кој денеска ја продолжува посетата на Косово изјави дека е згрозен поради вчерашниот напад во кој 2 српски деца загинаа, а 4 беа повредени додека се капеа во реката кај српското село Гораждевац. Холкери кој утре ќе отпатува за Белград изјави дека тоа е трагедија што се случува и по 4 години откако со Косово управуваат Обединетите Нации. Во меѓувреме за последните инциденти и напади врз српско-црногорската војска денеска заседава Врховниот Совет за одбрана на Србија и Црна Гора.