Атина: Земјотрес во Грција

Силен земјотрес од 6.4 степени според рихтер,ги погоди западните грчки острови Крф Лефкада и Кефалонија, при што, како што јавуваат агенциите, имало повредени лица. Епицентарот бил 290 километри северо-западно од Атина. Земјотресот се случи токму кога жителите на јонските острови ја одбележуваа 50 годишнината од серијата земјотреси во кои тогаш загинаа 476 луѓе.