Њујорк: Дискусија во Советот за безбедност за нацрт резолуцијата на САД за Ирак

Петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации во текот на изминатата ноќ дискутираа за американската нацрт резолуција со која се одобрува привремената влада во Ирак наименувана од Вашингтон. Државниот секретар Колин Пауел изрази надеж дека таа резолуција ќе биде одобрена во наредниве неколку дена.