Европа: Разладување до крајот на денов

Метеоролозите во Европа предвидуваат дека кон крајот на денов може да се очекува разладување во северозападниот дел на Континентот кој скоро две недели е зафатен со тропски горештини. Долготрајното жешко време однесе десетици животи, предизвика бран шумски пожари и ги намали водотеците. Студениот бран, велат метеоролозите, доаѓа од Скандинавија.