Техеран: Иран сам ќе им суди на уапсените припадници на Ал Каеда

Иран сам ќе им суди на уапсените припадници на терористичката мрежа Ал Каида и нема намера да им ги предаде на некоја друга земја. Ова денеска во Техеран го изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Хамид Реза Асефи. Тој прецизира дека станува збор за членови на Ал Каида на кои им се одземени нивните државјанства, па поради тоа не можат да бидат предадени на судење во матичните земји.