Приштина: Споменувањето на Косово во Уставот на СЦГ провокација

Косовскиот премиер Бајрам Реџепи изјави дека најавата оти Косово ќе биде спомнато во Уставот на Србија и Црна Гора како дел од Србија е тешка провокација која ќе го оневозможи дијалогот меѓу Приштина и Белград. Тој оценувајќи дека тоа е уште една провокација на Белград, изрази уверување дека Европската Унија ќе изврши посилен притисок да не се уназадат започнатите процеси во решавањето на косовското прашање. Претседателот на Собранието на Србија и Црна Гора Драгољуб Миќуновиќ денеска изјави дека Европската Унија би можело да помогне во решавањето на проблемот со Косово.