Москва: Русија бара резолуција на ОН за признавање на ирачкиот владеачки совет

Шефот на руската дипломатија Игор Иванов денеска побара од Советот за безбедност на Обединетите Нации да усвои резолуција со која ќе се признае ирачкиот владејачки совет наименуван од американските воени сили во таа земја. Колку побргу биде усвоена таква резолуција, толку повеќе меѓународната заедница ќе има шанса да му помогне на ирачкиот народ во надминувањето на сегашната сериозна криза, - изјави Иванов.