Багдад: Хусеин за сега добро ги избегнува американските сили

Садам Хусеин успева да ги избегне американските сили со тоа што често маскиран ги менува местата каде што се крие. Ова денеска го изјави генерал мајор Реј Одиерно командант на Четвртата пешадиска дивизија која го контролира градот Тикрит - родното место на поранешниот ирачки претседател. Според него, Хусеин со помош на членовите на неговиот клан тоа го правел секои три часа дневно. Американските сили денеска во Тикрит уапсиле седум ирачани, двајца од нив генерали, под сомневање дека ги организирале нападите врз американците во Ирак.