Салцбург: Состанок на премиерите од југоисточна Европа

Во австрискиот град Салцбург се одржува состанок на премиерите на државите од Југоисточна Европа. Средбата е посветена на процесот на приближување на Балканот кон Европската Унија, односно на можната австриска поддрѓка на тој пат. На состанокот учествуваат шефовите на владите на Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Хрватска и Босна и Херцеговина.