Тикрит: Заробен телохранителот на Садам Хусеин

Американските сили во рација на една куќа во ирачкиот град Тикрит изутрината го заробија телохранителот на Садам Хусеин и двајца други негови помошници. Станува збор за поранешниот шеф на службата за безбедност во Тикрит и првиот човек на полицијата во тој град.