Скопје: Посета на министерот за внатрешни работи на Словенија

Соработката меѓу македонија и Словенија особено во борбата против тероризмот, илегалната трговија со дроги и организираниот криминал се клучни теми на посетата на словенечкиот министер за внатрешни работи Радо Бохинц на Скопје. На разговорите со македонскиот министер за внатрешни работи Хари Костов ќе стане збор и за илегалната миграција , азилот и државјанствата.