Сараево: Започнува откопувањето на најголемата масовна гробница

Денеска во босна започнува откопување на локација за која се смета дека е најголема масовна гробница досега пронајдена. Станува збор за место што е во близина на градот Зворник, северно од Сребреница. Се проценува дека за време на војната во Босна во енклавата на Сребреница се убиени околу 7 илјади муслимани и оти 7 стотини тела се закопани на локацијата која сега се истражува.