Скопје: Португалски генерал од октомври ќе ја преземе командата на „Конкордија“

Португалскиот генерал Луис Сереира душ Сантуш во октомври ќе ја преземе командата на европската мисија Конкордија во Македонија. Оваа мисија во која има триста и осумдест војници од дваесет и седум држави неделава беше продолжена до средината на декември годинава.