Хелсинки: Екс финскиот премиер Холкери нов шеф на мисијата на ОН на Косово

Поранешниот фински премиер Хари Холкери е наименуван за нов шеф на мисијата на Обединетите Нации на Косово. Тој ќе го замени Михаел Штајнер кој на осми овој месец поднесе оставка. Штајнер сега е германски амбасадор во Обединетите нации во Женева.