Вашингтон: САД ќе ги објават фотографиите на убиените синови на Хусеин

Соединетите Држави ќе ги објават фотографиите на убиените синови на Садам Хусеин – изјави американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој не прецизираше кога фотографиите, што треба да ги убедат Ирачаните дека Удај и Кусај Хуесин се навистина мртви, ќе бидат објавени.