Киев: Кучма бара поголеми напори за сузбивање на перењето пари

Украинскиот претседател Леонид Кучма побарал од владата да вложи поголеми напори во сузбивањето на перењето пари. Украина е ставена на црната листа земји во кои не се исполнуваат меѓународните стандарди за спречување на оваа криминална дејност.