Липјане: Испукан проектил, без повредени

Во северниот дел на Липјане е испукан рачен проектил, но во инцидентот нема повредени, изјави портпарол на косовската полиција Рефки Морина. Според агенциите цел на нападот била куќата на представникот на малцинската заедница на Ромите.