Вашингтон: САД ќе испратат 41 маринец да ја штитат амбасадата во Либерија

Соединетите Држави ќе испратат одреден број војници во либерија каде се во тек жестоки судири меѓу владините сили и бунтовниците кои бараат председателот Чарлс тејлор да ја напушти земјата. Вашингтон ќе испрати 41 маринец од специјалната антитерористичка единица за да ја заштитуваат американската амбасада во главниот град на Либерија- Монровија . Претходно Соединетиѕте Држави соопштија дека ќе испратат мировници во Либерија – држава основана од осободени американски робови – доколку председателот Тејлор, кој е обвинет за воени злосторства, ја напушти земјата.