Лондон: Блер ја отфрли можноста за свикување вонредна седница на парламентот

Британскиот премиер Тони Блер ја отфрли можноста од свикување вонредна седница на парламентот поради смртта на владиниот советник доктор Дејвид Кели. Тој се сметаше за изворот на информациите на БиБиСИ дека разунавачките извештаи на владата, за заканата од ирачкото оружје за масовно уништување, се фалсификуви. Барање за вонредна седница на парлементот дојде од претставници на опозицијата, но британскиот премиер, кој престојува во посета на Јужна Кореа, изјави дека таква седница во овој момент би ја зголемила тензијата.