Тирана: Илир Мета поднесе оставка

Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета синоќа поднесе оставка поради, како што наведува во образложението, несогласувањата со премиерот Фатос Нано. „Не можам да ги прифатам хипокризијата и авторитаризмот на Нано кој сака министерството за надворешни работи да го стави под своја контрола“ - наведува Мета кој го обвинува премиерот Нано дека води персонална политичка акција со цел – да го отстрани него од местото шеф на дипломатијата. И Нано и Мета се членови на Социјалистичката партија.