Вашингтон: Горниот дом на Конгресот одобри 368 милијарди долари за одбраната на САД

Горниот Дом на американскиот Конгрес го одобри предлог законот со кој за наредната година од буџетот треба да се издвојат 368 милијарди долари за одбраната. Во овие средства не се пресметани трошоцитте за воените операции во Ирак и во Авганистан, па затоа се очекува тие да бидат одобрени со посебни закони.