Женева: Повеќе хуманитарни акции во светот заборавени поради Ирак и Авганистан

Повеќе хуманитарни кризи во светот се заборавени, поради фокусирањето на меѓународната заедница врз Ирак и Авганистан, се вели во извештајот на Црвениот Крст. Се наведува дека на пример помошта за Авганистан е зголемена за три пати, додека во истовреме речиси се игнорирани состојбите во земји како Ангола, Сомалија и Конго.