Вашингтон: Војната во Ирак ги чиниеа САД над 50 милијарди долари

Војната и присуството на американските сили во Ирак досега ги чинеја Соединетите Држави над пеесет милијарди долари, пишува Вашингтон Пост. Официјални лица на администрацијата на претседателот Џорџ Буш потврдиле за весникот дека трошоците во Ирак се значително поголеми од предвиденото. Тие проценуваат дека до крајот на идната година овие трошоци би можеле да изнесуваат скоро сто милијарди долари.