Пекинг: Осуден еден од најбогатите деловни луѓе во Кина

Еден од најбогатите деловни луѓе во Кина, Јанг Бин е осуден на осумнаесет години затвор поради измама и подмитување. Познат како крал на орхидеите, Јанг Бин е осуден за илегално користење земјоделски имоти и за фалсикување финансиски документи. Четириесет годишниот Јанг, за кого се проценува дека поседува деветстотини милиони долари е прогласен за втор по богатсво во Кина.