Багдад: Еден американски војник загина

Во денешниот ракетен напад врз воен конвој во Багдад загина еден американски војник, а шестмина други беа повредени. Повеќе од триесет американски војници се убиени во Ирак од први мај годинава кога претседателот Џорџ Буш прогласи крај на големите воени операции во таа земја.