Њујорк: Продолжен мандатот на СФОР во Босна

Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно го продолжи мандатот на СФОР во Босна за уште една година. Во резолуцијата уште еднаш се потсетуваат сите потписници на Дејтонскиот мировен договор на обврската за испорачување на лицата обвинети пред Хашкиот трибунал. Од почетокот на мисијата на СФОР во 1996-тата година во Босна, бројот на војници е намален од 60,000 на 13,000.