Филипини: Тројца загинати во експлозија на бомба

Најмалку три лица загинале, а повеќе од 25 се ранети во експлозија на бомба во градот Котабато на Филипини. Бомбата експлодирала на пазар во центарот на градот. На истата локација во мај беа подметнати две бомби кои убија 13 луѓе. Одговорноста за тој напад ја презеде муслиманското движење на Абу Сајаф.