Багдад: Награда за информација за планови за напад врз сојузничките војници

Коалиционите сили во Ирак распишаа награда од две и пол илјади долари за информација која ќе доведе до апсење на луѓето што планираат напади врз американските и британските војници во таа земја. Како се наведува висината на наградата би можела да биде и поголема во зависност од важноста на информацијата. Од 1 мај, кога воената интервенција врз Ирак е прогласена за завршена, до сега во таа земја се убиени најмалку 30 британски и американски војници.