Москва: Најмалку 16 жртви во самоубиствен напад

Најмалку 16 лица загинаа а над 20 се тешко повредени, кога две жени-самоубијци денеска попладне активирале две бомби за време на музички фестивал во близина на руската престолнина Москва. Веста ја потврди и рускиот министер за внатрешни работи Борис Гризлов. Тој ја поврза денешната експлозија во Москва со чеченските сепаратистички екстремисти, додавајќи дека кај една од двете жени е пронајден чеченски пасош. Според Московското радио, настанот се случил на влезот од аеродромот ТуШино, каде во тек бил рок - фестивалот наречен "Крилја". Фестивалот е еден од најомилените музички хепенинзи на отворено во Русија на којшто, според организаторите, годинава присуствувале повеЌе десетици посетители. Според западните агенции, првата експлозија одекнала кога жена-самоубиец во публиката го активирала експлозивот. Информациите за експлозиите што уследиле се разликуваат според различни извори. Едни извори тврдат дека втората експлозија одекнала исто така на аеродромот, а други тврдат дека се слушнала на соседниот пазар. Руската агенција Итер-тасс јави дека по 20 минути по првите две експлозии, одекнала и трета. Истиот извор објави дека двете жени-самоубијци се обиделе да се вмешаат меѓу 40.000 посетители на Фестивалот. Полицијата ги запрела во близина на благајните по што тие ги активирале експлозивните направи. Московски полициски извори соопштија дека жените биле буквално разнесени напарчиња, но не не соопштуваат детали околу инцидентот.