Рим: Размена на протестни ноти меѓу Италија и Германија

Италија и Германија синоќа разменија дипломатски протестни ноти, откако италијанскиот премиер Силвио Берлускони, за време на обраќањето пред европарламентарците, го спореди германскиот претставник во Европарламентот со „командант во концентрационен нацистички логор“.Италијанскиот амбасадор во Берлин по скандалот беше повикан во Кабинетот на германскиот премиер, а во истовреме и германскиот амбасадор во Рим, на размена на дипломатски протестни ноти и германскиот канцелар Герхард Шредер ја осуди „нацистичката шега“ на Берлускони и побара од него да се извини за „неприфатливиот настап“.