Париз: Посета на пакистанскиот претседател Первез Мушараф

Пакистанскиот претседател Первез Мушарав денеска е во посета на Франција каде што ќе разговара со претседателот Жак Ширак и со премиерот Жан Пјер Рафарен. Мушараф допатува во Париз од Берлин, каде што изјави дека е потребна ревизија на воената и политичката стратегија во Авганистан и создавање услови за повлекување на меѓународните сили од таа земја.