Јабланица: Откриен илегален воен тренинг камп

НАТО силите во Босна соопштија дека откриле илегален воен тренинг камп во близина на Јабланица, при што било запленето големо количество воена опрема и оружје. Акцијата траела неколку дена, но не е прецизирано за каква намена бил воениот камп.