Стразбур: Берлускони ќе ја претстави програмата за шестмесечното претседавање

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска во Европскиот парлемнт во Стразбур ја претстави програмата за 6 месечното претседавање на Италија со Европската Унија. Тој изјави дека Италија ќе настојува да завршат преговорите за новиот Устав на Унијата и да помогне во промоцијата на мирот на Блискиот Исток. Берлускони најави и подобрување на релациите со Соединетите Држави, кои беа нарушена поради ирачката криза.