Багдад: Убиен еден емерикански војник

Еден американски војник загина, а четврица други се ранети во нападот што се случи во петок навечер во северниот дел на Багдад, објавија денеска американски воени извори. Нападот бил извршен врз единица на Првата оклопна дивизија во багдадскиот кварт Садр сити. Во нападот бил ранет и еден преведувач. Во текот на минатата ноќ е извршен уште еден напад врз американско оклопно возило во близината на Фалуџа, 50 километри западно од Багдад. До пладне не беше познат бројот на ранетите или загинатите од возилото кое било нападнато со две против-тенковски ракети.