Берлин: 40 години од изјавата на Џон Кенеди

Денеска во Берлин се одбележуваат 40 години од фамозната изјава на американскиот претседател Џон Кенеди ,, Јас сум Берлинец,, во анти-комунистичкиот говор во врска со конструкцијата на берлинскиот зид кој го подели градот на источен и западен. Вечерва ќе се реемитува неговата изјава од истото место во Берлин. Кенеди беше убиен 5 месеци подоцна, а ѕидот остана уште 25 години.