Кашмир: Двајца загинати и 38 повредени

Две лица загинале, а 38 биле повредени кога исламски бунтовници истрелале граната на автобуска станица во индискиот дел на Кашмир. Според полицијата, цел на нападот биле цивили, бидејќи на тоа место немало безбедносни патроли.