Пекинг: Посета на премиерот на Индија

Индискиот премиер Атал Вачпај денеска во Пекинг разговараше со неговиот кинески колега Вен Џибао за трговските релации меѓу двете земји и за некои спорни прашања околу границите. Вачпај е првиот индиски лидер кој е во посета на Кина во последнава декада. Делегации на двете земји потпишаа неколку билатерални договори во областа на визниот режим, земјоделството и образованието.