Аман: Конференција на Светскиот Економски Форум

Денеска во Аман – главниот град на Јордан се одржува конференцијата на Светскиот Економски Форум. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, министрите за надворешни работи на Соединетите Држави и Русија, Колин Пауел и Игор Иванов и преставници на Европската Унија, меѓу другото, ќе дискутираат за блиско-источниот мировен процес.