Париз: Француската полиција започна голема акција против радикалната иранска група Народни муџахедин

Француската полиција, во Париз и околината, денеска започна голема акција за приведување на членовите на радикалната иранска опозициона група Народни муџахедини. Судијата за борба против тероризмот Жан Луј Бружие ја наредил акцијата поради можен заговор и подготовка на терористички акти.