Техеран: Уапсени триесетина учесници во анти-владините протести

Иранската полиција уапси уште триесетина лица учесници во анти-владините протести кои веќе 6 ноќи се одржуваат во Техеран. Според агенцијата Ирна, шефот на полицијата во Техеран изјавил дека досега 140 лица се затворени поради хулиганство. Демонстрантите во Иран бараат ослободување на политичките затвореници и оставка на претседателот Мохамед Катами. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека луѓето во Иран почнале да ја изразуваат желбата за слободен Иран. Иранските власти пак ги обвинија Соединетите држави за мешање во внатрешните работи.