Москва: Игор Иванов ја започнува азиската турнеја

Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов денеска ја започнува азиската турнеја, при што ќе ги посети Пакистан, Индија и Камбоџа. Како што јави Итар Тас, главни теми на разговорите ќе бидат борбата против тероризмот и трговијата со дрога и економската соработка.