Техеран: Денеска мирно по синоќешните демонстрации

По синоќешното насилно растерување на демонстрантите, кои протестираат против иранските верски водачи, низ улиците на Техеран денеска е мирно, јавуваат агенциите. Стотици полицајци со пендреци и со метални шипки ги гонеа демонстрантите во Техеран, кои главно се собираат околу Универзитетот. Иранските верски водачи ги обвинуваат Соединетите Држави дека се предизвикувачи на демонстрациите.