Блиски Исток: 27 загинати за само една недела по објавувањето на блиско источниот мировен план

Само една недела од одлуката за блиско-источниот мировен план, во судирите меѓу израелците и палестинците загинаа 27 лица. Во вчерашниот самоубиствен напад во центарот на Ерусалим, за кој одговорноста ја презеде Хамас, загинаа 16 луѓе и бомбашот самоубиец, а десетици беа повредени. Во првиот воен одговор на израелците загинаа 7-мина палестинци, а уште тројца беа убиени денеска при нападот во Газа.