Етиопија: Откриени човечки фосили стари 160 илјади години

Меѓународен тим на научници во Етиопија открил човечки фосили, стари 160 илјади години, кои се најстари остатоци од современата човечка раса. Тим Вајт од Универзитетот во Калифорнија, изјави дека досегашните фосили на хомо сапиенс, пронајдени во Африка, беа стари 130 илјади години.