Лисабон: САД наскоро ќе докажат оти Ирак поседувал оружје за масовно уништување

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд синоќа во Лисабон изјави дека наскоро ќе се докаже оти биле точни разузнавачките информации дека Ирак поседувал оружје за масовно уништување. Рамсфелд кој е на четиридневна европска турнеја во текот на денов треба да допатува во Тирана.