Западен Брег: Урнати неколку празни куќни конструкции

Израелските војници денеска урнаа неколку празни куќни конструкции во една доселеничка населба на Западниот Брег. Претходно израелската армија соопшти дека дислоцирала пет такви населби во согласност со мировниот план од Акаба. Палестинските власти ваквите потези ги оценија како измама. Од друга страна неколку еврејски организации најавија протести доколку израелската влада продолжи да ги дислоцира доселеничките населби.